Eкипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата седмица транспортирале 3.500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територија на град Скопје.
Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини, а најголемо количество е подигнато во општината Центар, вкупно 190 кубни метри отпад од диви депонии.
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготвила 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, најмногу на територијата на Општина Чаир.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
