Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда
    Република

    Мицкоски: До крајот на декември ќе ги завршиме сите реформи од Реформската агенда

    14/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени со Реформската агенда, а дел од клучните закони веќе се во завршна фаза на техничко усогласување со Европската комисија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

    По состанокот во Владата посветен на спроведувањето на реформите, Мицкоски изјави дека процесот се одвива според планираната динамика и дека сите активности се реализираат во рамките на предвидениот грејс-период.

    Според него, четирите клучни закони од областа на јавната администрација – за административните службеници, вработените во јавниот сектор и високите раководни служби – се во фаза на техничко усогласување со Европската комисија.

    „Очекувам дека на техничко ниво до крајот на месецот ќе се расчистат сите работи и ќе можеме да влеземе во парламент почетокот на декември, за до крај на декември да поминат овие закони“, изјави Мицкоски.

    Тој посочи дека за овие законски решенија останале уште една или две забелешки од Европската комисија, кои треба да бидат усогласени во наредниот период.

    Осврнувајќи се на новиот Закон за оружје, премиерот рече дека предлозите на експертите од СИГМА, според домашните експерти и професори по уставно право, содржат решенија кои не се во согласност со Уставот, но изрази очекување дека и ова прашање ќе биде надминато преку дијалог.

    Мицкоски информираше дека Кривичниот законик и Законот за кривична постапка веќе се испратени во Брисел на разгледување, а потребните усогласувачки табели треба да бидат доставени најдоцна до понеделник.

    Едно од прашањата што сè уште се разгледува е финансирањето на судството и јавното обвинителство. Премиерот рече дека е постигнат компромис со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кој веќе е доставен до Европската комисија.

    „Дојдовме до еден компромис, тој го претставивме вчера на состанокот и очекуваме Европската комисија да даде свое мислење“, изјави Мицкоски.

    Според предложеното решение, судскиот буџет постепено треба да достигне 0,8 проценти од бруто-домашниот производ, додека буџетот на Јавното обвинителство би изнесувал 0,5 проценти од вкупниот државен буџет.

    Во тек е и усогласувањето на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, каде што остануваат да се договорат моделот на финансирање и институционалната поставеност. Владата во понеделник ќе испрати дополнително образложение до Европската комисија.

    Покрај реформите во правосудството, според премиерот, се бележи напредок и во областа на дигиталната трансформација, додека Министерството за транспорт очекува мислења за пет законски решенија поврзани со интелигентниот транспорт во железничкиот и патниот сообраќај.

    Во енергетскиот сектор, како што посочи Мицкоски, остануваат уште два чекора кои треба да бидат реализирани во текот на ноември.

    „Очекуваме сите овие реформи кои се во грејс-период до декември 2026 година да бидат завршени. Во детали ги имаме разработено“, порача премиерот, додавајќи дека Владата останува целосно посветена на исполнувањето на реформската агенда.

    Поврзани вести:

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    Стразбур пресуди во корист на Рашковски, државата ќе му исплати 750 евра

    Стразбур пресуди во корист на Рашковски, државата ќе му исплати 750 евра

    Мицкоски: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

    Мицкоски: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува масовна вакцинација на овци и кози: 400 илјади дози против опасната болест

    14/11/2026

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    13/11/2026

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.