Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски
    Република

    Полицијата ќе може да го исфрли насилникот од домот до 48 часа, најави Тошковски

    13/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство предвидуваат нови механизми за заштита на жртвите, меѓу кои и можност за воведување електронски алки за насилниците, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    На брифинг со новинарите, Тошковски посочи дека со законските измени се отвора можност за користење на електронски надзор над лицата сторители на насилство, а дополнително ќе се анализира кој ќе биде надлежен за управување со системот, колку уреди ќе бидат набавени и како ќе се стават во функција.

    За спроведување на новите решенија, како што појасни министерот, ќе треба да бидат донесени и соодветни правилници и подзаконски акти.

    Тошковски нагласи дека клучно во борбата против семејното насилство е создавање поширок општествен договор сите институции и чинители ова прашање да го третираат како приоритет.

    Како една од најзначајните новини во измените, министерот ја посочи можноста полициски службеник, доколку процени дека постои сериозен ризик од насилство врз жртвата, веднаш да го отстрани потенцијалниот сторител од домот.

    Според предложеното решение, полицијата ќе може со усна наредба да го отстрани насилникот од живеалиштето во период до 48 часа, без оглед на тоа кој е сопственик на имотот. Наредбата најдоцна во рок од шест часа ќе треба да биде изготвена во писмена форма и доставена до лицето на кое се однесува.

    Во исто време, за случајот ќе бидат известени Центарот за социјални работи и надлежниот суд, кој потоа ќе одлучува дали мерката за отстранување ќе биде продолжена до 30 дена.

    Поврзани вести:

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    Стразбур пресуди во корист на Рашковски, државата ќе му исплати 750 евра

    Стразбур пресуди во корист на Рашковски, државата ќе му исплати 750 евра

    Мицкоски: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

    Мицкоски: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

    МВР со акција низ Македонија: Казнети 147 пешаци и 25 возачи

    МВР со акција низ Македонија: Казнети 147 пешаци и 25 возачи

    Ветровито и невообичаено топло време, од утре следува заладување

    Ветровито и невообичаено топло време, од утре следува заладување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Четиригодишно девојче со тешки повреди завршило на Клиниките по пад од скали

    13/11/2026

    Силниот ветер предизвика хаос во Битола, две девојчиња повредени од искршено стакло

    13/11/2026

    Стразбур пресуди во корист на Рашковски, државата ќе му исплати 750 евра

    13/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.