Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност
    Република

    Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност

    28/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за животна средина ќе воспостави пет нови дигитални платформи преку кои граѓаните ќе имаат директен пристап до податоци за состојбите во животната средина, загадувањето, дивите депонии и проектите што ги реализира институцијата.

    Министерот за животна средина Муамет Хоџа истакна дека дигитализацијата ќе придонесе за поголема транспарентност, поефикасна администрација и подобра борба против еколошкиот криминал.

    „Дигитализацијата е алатка за транспарентност и правда, каде што завршува неефикасноста на системот и влијанијата на човечкиот фактор. Податоците ќе се користат за борба со еколошкиот криминал и ќе бидат достапни за сите граѓани“, изјави Хоџа.

    Првата платформа, „Темели“, ќе овозможи јавен увид во сите проекти што ги реализира Министерството, вклучувајќи ги нивната вредност, роковите за реализација, локациите и изворите на финансирање.

    Платформата „Јадро“ предвидува целосна дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Со новото решение, граѓаните ќе можат електронски да го следат статусот на своите предмети и да добијат информации кој службеник постапува по нив. Воедно, веќе е завршена дигитализацијата на геопросторните податоци за заштитените подрачја.

    Преку модулот „Време“ ќе се поедностават административните постапки во Министерството. Од вкупно околу 30 предвидени чекори за поедноставување, 15 треба да бидат реализирани до крајот на годината.

    Платформата „Земја“ ќе овозможи дигитално мапирање на дивите депонии низ општините, со цел подобро планирање на нивното расчистување и подготовка за регионалните центри за управување со отпад. Истовремено, во дел од општините веќе се реализира пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии.

    Петтата платформа, „Воздух“, ќе воспостави дигитален регистар преку кој 140 компании со А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите на загадувачки материи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој ќе почне да се применува од септември 2027 година.

    Министерот најави дека секоја од платформите ќе биде посебно претставена пред јавноста во наредниот период, при што детално ќе бидат објаснети нивните функции и придобивки. Според него, проектот претставува значаен чекор кон модернизација на институциите и поефикасна заштита на животната средина.

    Поврзани вести:

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Министерството за здравство: Секој пријавен ќе добие термин за вакцинација

    Министерството за здравство: Секој пријавен ќе добие термин за вакцинација

    На зелениот пазар во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

    На зелениот пазар во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

    Неофицијално: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, се очекуваат детали

    Неофицијално: МВР уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров, се очекуваат детали

    Петмина кандидати во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК, денеска избор на наследникот на Абази

    Петмина кандидати во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК, денеска избор на наследникот на Абази

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    28/10/2026

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    28/10/2026

    Министерството за здравство: Секој пријавен ќе добие термин за вакцинација

    28/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.