Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација наскоро ќе ја забрани употребата на терминот „вештачка интелигенција“ (ВИ) во официјалните документи, оценувајќи дека изразот е неточен и несоодветен.
Во објава на својата платформа „Трут соушал“, Трамп го повика весникот „Волстрит џурнал“ да престане да го користи терминот „вештачка интелигенција“ и наместо него да го употребува терминот „суперинтелигенција“.
„Кога ‘Волстрит џурнал’ ќе престане да го користи терминот ‘вештачка интелигенција’, што е многу лош и неточен термин, и ќе почне да го користи терминот ‘суперинтелигенција’, кој речиси сите други веќе го користат или наскоро ќе почнат да го користат?“, напиша Трамп.
Тој додаде дека, поради тоа што смета дека терминот е неточен, наскоро официјално ќе биде забранета неговата употреба во сите релевантни документи, како и на други места каде што се користи во рамките на федералните институции.
