Германската управа за контрола на летање пушти во употреба нов систем за детекција на дронови на аеродромот Берлин Бранденбург (БЕР), со цел навремено откривање на потенцијални закани за воздушниот сообраќај.
Системот е поставен за следење на зоните за полетување и слетување и треба да ги предупредува надлежните служби при појава на беспилотни летала во близина на аеродромот.
Министерот за транспорт на Германија, Штефен Билгер, изјави дека државата сериозно ја сфаќа зголемената опасност од дронови околу аеродромските објекти и дека е неопходно брзо реагирање и опремување на меѓународните аеродроми со соодветна технологија.
Воведувањето на системот следува по серијата забележувања на дронови во близина на германски аеродроми. Од Министерството за транспорт најавија дека и други големи аеродроми во земјата ќе добијат слични системи во текот на годината.
Според податоците на германската контрола на летање, аеродромот Берлин Бранденбург имал најмногу пријавени случаи на забележани дронови во првата половина од годината. Контролната кула регистрирала 28 инциденти, еден повеќе од аеродромот во Франкфурт.
Во седум од случаите, летовите на БЕР морале привремено да бидат прекинати поради ризикот што го претставувале беспилотните летала.
