Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 13 степени, додека дневната температура ќе достигне меѓу 19 и 26 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 9 до максимални 25 степени.
Според прогнозата, во текот на новата седмица ќе продолжи променливото облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе останат во рамките на просекот за овој период од годината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
