Поради планирани технички интервенции, утре, 27 август, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и вода. Без струја од 5 до 7 часот ќе бидат корисниците од улиците „Беаз Куле“, „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин на електричната енергија е најавен и од 9 до 12 часот за подрачјето на ТС „Подстаница село Драчево“, улица „Сердарот“.
Истовремено, поради изведување водоводен приклучок на улицата „Воин Драшкоци“, без вода ќе останат корисниците од улиците „Воин Драшкоци“ и „Исаија Мажовски“. Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Од надлежните претпријатија информираат дека прекините се неопходни поради планираните интервенции на електричната и водоводната мрежа.
