Град Скопје го раскина договорт склучен во мај годинава со „Мастеф“ вреден 10 милиони евра за изградба на Луна Парк како и набавка и монтажа на 16 нови реквизити.
Локалната самоуправа не даде информација зошто е раскинат договорот со фирмата која новиот забавен парк требаше да го заврши до крајот на 2027 година.
Скопје е без забавен парк повеќе од една деценија иако сите скопски градоначалници ветуваа дека во својот мандат ќе изградат нов и поатрактивен Луна Парк.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
