Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ и Францускиот институт во Скопје потпишаа Меморандум за соработка под покровителство на Град Скопје, со цел развој на заеднички културни проекти, размена на уметници и експерти и унапредување на културните и креативните индустрии.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на потпишувањето истакна дека партнерството ќе овозможи поврзување на македонските уметници со европската културна сцена и создавање нови културни содржини за граѓаните.
Посебен акцент, ќе биде ставен на соработката со францускиот град Бурж, со кој Скопје во 2028 година ќе ја споделува титулата Европска престолнина на културата, како и на можноста за организирање „Француска сезона во Скопје 2028“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
