Жителите на делови од скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.
Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека, според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради технички активности на мрежата.
Во општина Кисела Вода, без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Партизански пат 2“.
Во општина Ѓорче Петров, пак, без електрична енергија од 9:00 до 15:30 часот ќе останат жителите на улицата „2“ во селото Орман.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги земат предвид планираните прекини при организирањето на дневните обврски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
