Во петок на „Боемска“ улица во Центар, Општината организира вечер посветена на македонското културно наследство, народната песна и фолклорот со настап на КУД „Орце Николов“, ВИС „Интрада“ и популарните пејачи Блага Петреска и Наум Петрески.
-Со овој настан сакаме да ја споделиме таа љубов и со помладите генерации, затоа што традицијата се чува кога ја живееме и ја пренесуваме. Ги поканувам граѓаните да ни се придружат на Боемска, да запееме и заедно да уживаме во богатството на македонската музика и фолклор – порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
