Студенти по медицина и биомедицински науки, професори, лекари и истражувачи од земјава и странство од денеска до 18 октомври ќе учествуваат на четвртиот Меѓународен конгрес на Факултетското студентско собрание (4th ICOF), кој ќе се одржи во Скопје.
Конгресот е во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а годинашното издание се одржува под мотото „…AND BEYOND“, со цел да ја поттикне научната размена, практичното учење, меѓународната соработка и унапредувањето на медицинското образование.
На свеченото отворање ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во рамки на програмата ќе бидат организирани предавања од домашни и странски професори, интерактивни панел-дискусии, научни презентации, како и практични медицински работилници, кои ќе им овозможат на учесниците да стекнат нови знаења и искуства.
