Вашингтон потврди дека разговара за втора рунда преговори со Техеран и изрази оптимизам околу шансите за постигнување „договор”, додека Пакистан ги продолжува своите напори за посредување откако првата рунда разговори во Исламабад не успеа за време на викендот.
Иран покрај заканите дека ќе го блокира бродоскиот сообраќај во Црвеното Море, како одмазда за американската блокада на иранските пристаништа, ја потврди својата волја да продолжи со преговорите.
Голем дел од меѓународната заедница се надева дека двонеделното примирје што стапи на сила на 8 април ќе биде продолжено и дека војната што одзеде животи на илјадници луѓе, огромното мнозинство од нив во Иран и Либан, и ја потресе глобалната економија, нема да продолжи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
