Најмалку 4 лица загинаа, а 20 се повредени во нов вооружен напад во средно училиште во градот Кахраманмараш во југоисточна Турција.
Турските медиуми објавија дека дека сторителот бил ученик од осмо одделение кој дошол во училиштето со оружјето на својот татко, кој е поранешен полицаец.
„Напаѓачот бил ученик во училиштето. Неговиот татко е поранешен полицаец. Се верува дека го зел оружјето на својот татко. Вкупно 4 лица беа убиени, 1 наставник и 3 ученици. Напаѓачот дошол со 5 пиштоли и 7 шаржери и отворил оган во 2 училници, а потоа си го одзел животот. Дали станува збор за самоубиство или се самоубил за време на немирите, засега е непознато. Да се надеваме дека нашите повредени браќа ќе се опорават. Немало сличен напад во ниту едно од нашите други училишта – изјави Гувернерот на Кахраманмарас, Мукерем Унлуер.
Таткото на напаѓачот е уапсен.
Инцидентот се случува еден ден по вооружениот напад врз училиште во Сиверек, Шанлиурфа, што предизвика загриженоста за безбедноста во училиштата во Турција.
