Иран му го пренел на Пакистан својот одговор на американскиот предлог за прекин на војната, одбивајќи примирје и нагласувајќи потреба од траен завршеток на конфликтот, објави државната новинска агенција ИРНА.
Иранскиот одговор содржел десет точки, меѓу кои прекин на конфликтите во регионот, протокол за безбеден премин низ Ормускиот теснец, укинување на санкциите и обнова.
Доналд Трамп веднаш потоа, во Белата куќа одржа прес конференција на која кажа дека ова е критичен период и му се закани на Иран дека ќе остане без мостови и електрани доколку не го исполни рокот за повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Тој му даде рок на Техеран до среда наутро по средноевропско време да го отвори пловниот пат, со предупредување дека во спротивно „ќе живее во пекол“.
На прашање од новинар на Њујорк тајмс дали е загрижен за можни напади врз цивилна инфраструктура, што би претставувало кршење на Женевската конвенција, Трамп одговори дека не е загрижен, но се надева дека до тоа нема да дојде.
„Ако мислите дека ќе им дозволам да имаат нуклеарно оружје, можете да им кажете на вашите пријатели во Њујорк тајмс дека тоа нема да се случи“, изјави тој.
