Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Поднесено обвинение за ексдиректорот на затворот „Скопје“ и седум полицајци поради давање привилегии на осуденици
    Некатегоризирано

    Поднесено обвинение за ексдиректорот на затворот „Скопје“ и седум полицајци поради давање привилегии на осуденици

    08/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на затворот „Скопје“ и уште седум полициски службеници од оваа казнено-поправна установа. Тие се осомничени дека во првата половина од минатата година им овозможувале погодности на осуденици кои немале право на тоа според судските одлуки.

    Иако во соопштението од Обвинителството не е наведен идентитетот на поранешниот директор, ниту на другите седум обвинети затворски полицајци, извесно е дека станува збор за ексдиректорот на установата Филип Андонов против кого ОЈО ГООК во февруари годинава отвори истрага.

    Според обвинението што го поднел јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поранешниот директор и двајца полициски службеници се товарат дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а еден од полицајците ќе одговара и за несовесно работење во службата.

    За кривичното дело несовесно работење во службата обвинети се и другите петмина полициски службеници.

    Од Обвинителството велат дека ексдиректорот и другите обвинети лани во периодот од март до јули со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, односно на петмина осуденици им овозможиле погодности што согласно судските одлуки не им следувале.

    „Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода надвор од установа“, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.

    Постапката за случајот беше отворена на крајот на февруари годинава со претреси на повеќе локации што во координација од ОЈО ГОКК ги извршија екипи на Министерството за внатрешни работи.

    Во акцијата тогаш беа приведени поранешниот директор на затворот „Скопје“ и уште 10 затворски полицајци под истите сомневања наведени во обвинението. На предлог на Обвинителството на тогаш осомничените Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки за претпазливост.

    Поврзани вести:

    Поплави и свлечишта во Индија и Непал: 19 загинати, десет лица исчезнати

    Поплави и свлечишта во Индија и Непал: 19 загинати, десет лица исчезнати

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    Дел од Сопиште денеска неколку часа ќе биде без струја

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    СЗО предупредува: Пушењето негативно влијае врз плодноста и кај мажите и кај жените

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Гаши со катарскиот министер за труд за нови можности за соработка меѓу двете држави

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Љупче Дориев не запира: Гол, асистенција и ново големо признание

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Ратко Младиќ

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    затвор Шутка
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026

    Малолетник кривично пријавен за силување на дете под 15 години и уцена со видео

    03/10/2026

    Поради имотен спор, 75-годишник нападнал 66-годишен жител на Милетино

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.