Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»По новите наводи за рекетирање на бизнисмен, пак се наметнува прашањето: Потребно ли е ново СЈО за да го истражи поранешното?
    Политика

    По новите наводи за рекетирање на бизнисмен, пак се наметнува прашањето: Потребно ли е ново СЈО за да го истражи поранешното?

    02/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пак има наводи за можен рекет врз бизнисмени од страна на поранешното СЈО. И пак се отвора прашањето – уште колку вакви случаи има и колку од нив останале премолчени или наскоро ќе се откриваат за работењето на криво насаденото специјално обвинителство.

    Вчера излегоа информации дека гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, осомничен за случајот со Поштенска банка поднел кривична пријава против поранешни обвинители од СЈО со наводи дека му биле барани милион евра за да запре постапка против него. За тоа, како што наведува Главчев, поседува и аудио-докази, што ги предал на истражните органи. Според пријавата, барањето било пренесено преку посредници, со јасно поставени услови и рокови за исплата.

    Овој случај потсетува на аферата „Рекет”, кога во торба на Бојан Јовановски – Боки 13, беа исплатени 1 милион евра од Орце Камчев, снимени со камера. Тогаш јавноста виде како изгледа рекет во пракса, но денес се поставува прашањето дали тоа бил изолиран случај или дел од поширок модел.

    Колку бизнисмени биле под притисок да платат за „помош” на екипата на Катица Јанева во постапките против нив?

    Оттука, во јавноста се наметнува и друго прашање: дали треба да се формира ново Специјално обвинителство кои ќе го истражи работењето на поранешното СЈО?
    Но за едно нема дилема – работењето на СЈО треба темелно да се протресе, независно дали од специјални или редовни обвинители.

    Поврзани вести:

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Над 5 милиони евра се потрошени за прославата на независноста, Мицкоски да објави каде завршиле парите

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    СДСМ: Граѓаните не се талог, власта мора да одговара пред народот

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ: Ние работиме на развој, тие очајуваат

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    истрага рекет сјо
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ прашува: Како има пари за луксуз, а нема за минимална плата од 600 евра?

    12/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителство да ја истражи исплатата на провизиите за железницата на Коридорот 8

    12/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДСМ, прославата на независноста била законска

    11/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.