Пакистан е домаќин на министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија, во рамки на напорите за посредување во војната меѓу Иран, САД и Израел, со фокус на повторното отворање на стратешката Ормутскиот теснец.
Според дипломатски извори, на Вашингтон му биле претставени предлози за стабилизирање на протокот на нафта. Еден од моделите, предложен од Египет, вклучува наплата на такси слични на оние во Суецкиот Канал. Се разгледува и можноста Турција, Египет и Саудиска Арабија да формираат меѓународен конзорциум кој би управувал со пловидбата низ овој клучен воден пат, во кој би бил вклучен и Пакистан. Засега нема реакција од Иран дали е согласен со овој предлог во кој не е ниту споменат да биде дел од решението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
