Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Рекордни 20 милиони евра директна поддршка за македонскиот спорт

    04/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „По седум години целосно запоставен, спортот се враќа во приоритетите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во денешното соопштение од владеачката партија

    „Не беше лесно да се санира целата штета и пустош кој СДСМ го оставија во македонскиот спорт, но со многу труд и посветена работа, за една година се поставија и почнаа да се градат темелите и во спортот.

    За подобрување на условите за развој на спортот, Министерството за спорт отпочна и реализираше многу проекти, меѓу кои:

    – Комплетно реконструирана спортска сала во Радовиш;

    – Изградена нова атлетска патека во Гевгелија;

    – Реконструирана спортска сала во Ново Село;

    – Изградба на нова спортска сала во склоп на Воената Академија во општина Аеродром во Скопје;

    – Реконструирани 15 мултифункционални игралишта во повеќе градови во државата.

    – Отпочната комплетна реконструкција на спортската сала „Расадник“ во Скопје (реконструкцијата е во тек и треба да биде комплетно завршена во октомври годинава).

    Со цел подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво и создавање услови секое дете да може да спортува и да има пристап до спортски содржини, фокусот се стави во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура.

    Токму затоа, за една година изградени се 15 спортски центри низ цела Македонија, како во Кавадарци, спортски центар во Средното техничко училиште, во Неготино и Прилеп фудбалски терен и голема трибина.

    Во Тетово се изгради спортски центар во Медицинското училиште „Никола Стеин“, две монтажни трибини со сертификат за меѓународни натпревари на игралиштето на ФК Тетекс, како и мултифункционално игралиште Ајдучко Маало.

    Се градеше и во Брвеница, спортски центар со фудбалски терен, голема трибина и кошаркарско игралиште, во Кочани фудбалски терен и голема трибина, во Кратово фудбалски терен, голема трибина, одбојкарско игралиште и фитнес зона.

    Спортски центар во склоп на поранешниот Дом на АРМ се изгради во Кичево, спортски центар со фудбалско, кошаркарско игралиште и фитнес зона во Свети Николе и во Пониква се реконструираше спортскиот комплекс во полициското одморалиште.

    Додека во Скопје во Општина Гази Баба се изгради монтажна трибина со сертификат за меѓународни натпревари во склоп на Академијата Вардар, во Општина Центар фудбалски терен со трибина, кошаркарско игралиште, детско игралиште и фитнес зона, а во Општина Кисела Вода, повеќенаменски спортски терен со голема трибина.

    Се откочи проектот за изградба на пет базени, од кои два во Скопје, во Кисела Вода и Ѓорче Петров, и по еден во Кичево, Битола и Штип кои во рок од 11 месеци ќе бидат завршени и до крајот на летото пуштени во употреба.

    Директно од Владата беше поддржан македонскиот спорт со рекордни 20 милиони евра, средства кои беа исплатени директно на спортистите и на спортските субјекти.

    Се доделија национални признанија на 22 врвни македонски спортисти од екипните спортови и 500 стипендии „Спортска надеж“ наменети за млади талентирани спортисти,“ потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    вести спорт
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Како што ја укинаа техничката влада , така можат да го донесат и Изборниот законик

    01/05/2026

    ВЛЕН: ДУИ и Нефи стојат зад милионски злоупотреби во МЕПСО

    30/04/2026

    Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, ќе дејствува како независен пратеник

    30/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.