Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година
    Спорт

    Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година

    27/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Хари Кејн е добитник на „Златната топка“ за 2026 година. Напаѓачот на Баерн Минхен и капитен на англиската репрезентација ја освои најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал на свечената церемонија што се одржа во Лондон.

    Со ова признание, Кејн ја заокружи извонредната сезона во која претходно беше прогласен и за најдобар стрелец, а стана првиот Англичанец по Мајкл Овен во 2001 година што ја освојува „Златната топка“. Воедно, тој е и првиот фудбалер на Баерн Минхен што го добива ова признание по Карл-Хајнц Румениге, кој триумфираше во 1980 и 1981 година.

    При примањето на наградата, Кејн им се заблагодари на сите што гласале за него и истакна дека фактот што церемонијата се одржува во Лондон го направил моментот уште повозбудлив.

    „Речиси сум без зборови. Тоа што сме во Лондон го прави овој момент уште посебен. Ви благодарам на сите што гласаа за мене. Конкуренцијата беше исклучително силна и ми претставува огромна чест што ја добив оваа награда“, изјави Кејн.

    Англискиот голгетер упати благодарност и до своите соиграчи од Баерн Минхен, посебно споменувајќи го Дајо Упамекано, а испрати порака и до тренерот Венсан Компани, кој закрепнува по здравствените проблеми што ги имаше во последните денови.

    „Му посакувам брзо закрепнување на Венсан Компани. Откако дојдов во Баерн, напредував како играч, како лидер и како личност. Горд сум што овој трофеј го носам во Минхен“, рече Кејн.

    Во говорот се заблагодари и на својот поранешен клуб Тотенхем, како и на тренерите Тим Шервуд, Герет Саутгејт и Рој Хоџсон, што предизвика аплауз и насмевки во салата.

    Кејн зад себе има извонредна сезона, во која постигна 73 гола за Баерн Минхен и англиската репрезентација во сите натпреварувања. Со Англија стигна до бронзениот медал на Светското првенство, а беше меѓу најефикасните стрелци на турнирот.

    Неговото признание беше поздравено и од бројни фудбалски аналитичари и медиуми, кои оценија дека со настапите во текот на сезоната целосно ја заслужил „Златната топка“ за 2026 година.

    Поврзани вести:

    Манчестер Јунајтед донесе одлука за иднината на Керик

    Манчестер Јунајтед донесе одлука за иднината на Керик

    Ламин Јамал повторно го освои признанието за најдобар млад фудбалер на „Златната топка“

    Ламин Јамал повторно го освои признанието за најдобар млад фудбалер на „Златната топка“

    (Видео) Мбапе го покори „Камп Ноу“: Реал Мадрид славеше во големото Ел Класико

    (Видео) Мбапе го покори „Камп Ноу“: Реал Мадрид славеше во големото Ел Класико

    Куртоа го пропушта Ел Класико, Реал Мадрид остана без првиот голман пред големото дерби

    Куртоа го пропушта Ел Класико, Реал Мадрид остана без првиот голман пред големото дерби

    Прв пораз за МЗТ во АБА 2: Сутјеска славеше по драматична завршница

    Прв пораз за МЗТ во АБА 2: Сутјеска славеше по драматична завршница

    Алкалоид повторно го надигра Ферлах и обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп

    Алкалоид повторно го надигра Ферлах и обезбеди пласман во третото коло од ЕХФ Европскиот куп

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    златна топка кејн хари кејн
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Манчестер Јунајтед донесе одлука за иднината на Керик

    27/10/2026

    Ламин Јамал повторно го освои признанието за најдобар млад фудбалер на „Златната топка“

    26/10/2026

    (Видео) Мбапе го покори „Камп Ноу“: Реал Мадрид славеше во големото Ел Класико

    25/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.