Калина Велковска – Kaly го претстави својот нов поп-денс сингл „Моето Сонце“, песна исполнета со динамичен ритам и енергија што веднаш привлекува внимание. Наместо класична љубовна приказна, преку овој сингл таа нуди лична и музичка интерпретација на тоа што значи нејзиното „сонце“.
Музиката, аранжманот и аудио продукцијата се дело на Роберт Билбилов, додека текстот е напишан во соработка меѓу Билбилов и Kaly. Резултатот е модерен поп-денс звук со свежи мелодиски линии, во кои вокалот на Kaly доаѓа до израз.
Спотот носи впечатлива визуелна приказна. Продукцијата ја потпишува Ѓорги Вацев, а сценариото е заедничко дело на Вацев, Андреј Папаз и Бобан Русески. Кореографијата на Русески внесува дополнителна динамика, додека стајлингот на Папаз го заокружува целиот визуелен концепт.
Песната и видеото за „Моето Сонце“ се веќе достапни на сите музички платформи.
Со овој сингл, Kaly продолжува да го гради својот препознатлив музички израз и авторски идентитет, задржувајќи ја искреноста како важен дел од својата музичка приказна.
