Велика Британија, Франција и Германија во заедничко соопштение, иранските ракетни напади ги опишаа како „неселективни и непропорционални” и порачаа дека ќе „преземат чекори” за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Tие наведуваат дека би можеле да се вклучат во конфликтот со цел уништување на иранските проектили и дронови и дека во тоа ќе соработуваат со САД.
Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека нивни авиони учествуваат во одбранбени операции и дека му дале на САД дозвола за користење на британски бази во персискиот залив.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

