Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, во една од најсмртоносните вакви несреќи во историјата на САД. Спасувачите извлекоа шест преживеани по снежната бура што донесе неколку метри нов снег во последните денови.
Преживеаните се засолниле под церади и комуницирале со спасувачите преку радио и СМС-пораки.
Во текот на изминатите десет години, од лавини во САД гинеле просечно 27 луѓе годишно.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

