Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»За што конкретно ќе се потрошат парите од ребалансот на буџетот на Град Скопје?
    Скопје

    За што конкретно ќе се потрошат парите од ребалансот на буџетот на Град Скопје?

    15/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вчера 37 советници гласа ЗА ребаланс на буџетот на Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски предлогот го образложи дека се обезбедуваат средства за стабилизација на градските финансии, унапредување на инфраструктурата, подобрување на јавниот превоз, инвестирање во образованието и развој на нови зелени површини…

    За кои проекти конкретно ќе се потрошат парите од ребалансот?
    – Во делот на јавниот превоз се предвидува враќање на приватните превозници во системот и продолжување на соработката со Министерството за транспорт за повторно активирање на Градскиот воз.
    – До крајот на годината, сите училишта ќе добијат нови спортски терени, фитнес-зони, смарт табли, информатички кабинети и лаптоп за секој првенец на генерација, а ќе биде решен и хроничниот недостаток на училишни клупи и столчиња.
    – Започнува реализацијата на повеќе зелени проекти, меѓу кои паркот „Христијан Тодоровски – Карпош“, паркот „Лепенец“ и дополнителни 50 мали паркови низ различни делови од градот.
    – Ќе се продолжи со реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, изградбата на кружниот тек во Ѓорче Петров, третата лента на булевар „Александар Македонски“, првата фаза на булевар „Хрватска“, булевар „АСНОМ“ и клучката кај „Момин Поток“.
    – Предвидени се средства за експропријација, со што се отвора можност за реализација на големите булеварски решенија, вклучително и продолжувањето на булевар „Борис Трајковски“.

    Градоначалникот Ѓорѓиевски порача дека со усвојувањето на ребалансот завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој на Град Скопје, со јасна намера градот да се врати на вистинскиот развоен пат.

    Поврзани вести:

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    Признание за Орце Ѓорѓиевски на јубилејот од 130 години на „Свети Димитриј“

    Признание за Орце Ѓорѓиевски на јубилејот од 130 години на „Свети Димитриј“

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница, МВР со апел до граѓаните

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница, МВР со апел до граѓаните

    Камениот мост во Скопје доби ново декоративно осветлување

    Камениот мост во Скопје доби ново декоративно осветлување

    Град Скопје ја зајакнува соработката со ГРЕКО во борбата против корупцијата

    Град Скопје ја зајакнува соработката со ГРЕКО во борбата против корупцијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    град скопје проекти ребаланс
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Костовски бара итен прекин на градежните активности на државно земјиште во Бутел 2

    08/11/2026

    Признание за Орце Ѓорѓиевски на јубилејот од 130 години на „Свети Димитриј“

    08/11/2026

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    07/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.