Неколку илјади луѓе се евакуирани денеска од крајбрежните области на
Филипините кои се загрозени од тајфунот Калмаеги, кој се движи кон
источниот остров Лејте со ветрови од 120 до 150 километри на час,
соопшти метеоролошката служба на земјата.
Двете провинции Палу и Танауан, каде што се врши евакуацијата се со
вкупно население од 140.000 жители, а веќе претходно во 2013 година беа
погодени од супертајфунот Хаијан, кога загинаа најмалку 6.000 луѓе.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
