Скопската општина Ѓорче Петров денеска одбележа 161 година од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог Ѓорче Петров со положување цвеќе пред неговиот споменик во Општината.
Делегација на Општинскиот комитет оддаде почит на неговото дело и значењето што го имал во македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Ѓорче Петров се смета за еден од најзначајните интелектуалци и идеолози на движењето, кој со своите ставови и ангажман оставил длабока трага во борбата за слобода, автономија и политичка афирмација на Македонија. Неговото име и денес останува симбол на визија, отпор и национална свест, а неговото наследство продолжува да се одбележува како важен дел од историската меморија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
