Жители на зграда во скопската населба Хиподром, во чиј подрум пред неколку дена изгореа два автомобила и мотор, и натаму не можат да се вратат во своите станови бидејќи можно е тоа да не е безбедно.
Според станарите, пожарот кој избил рано утрото во неделата бил толку голем, што мора да се чека вештачење за да се види во каква состојба е статиката на зградата. Покрај ова, миризот на гарежот го прави престојот во зградата неподнослив, велат тие.
Огнот зафатил и делови од електричната инсталација на зградата, како и цевки за вода.
Во пожарот изгореле автомобили „БМВ“ и „Мерцедес“, како и мотор „Пјаџо Беверли“, соопшти полицијата во понеделникот.
„На 14.07.2025 во 04:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром, скопско, настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило ‘мерцедес’, патничко возило ‘бе-ем-ве’ и мотоцикл ‘беверли’, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С. (32) од Скопје“, информираа од МВР.
