Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала вечерва беше регистриран во југозападниот дел на Македонија.
Потресот се случил во 22:18 часот по локално време, а според првичните информации епицентарот бил на околу 11 километри југозападно од Битола, на длабочина од 6 километри.
Земјотресот бил почувствуван од жителите на Битола и околните населени места, како и во делови од пограничниот регион.
Од надлежните служби засега нема информации за причинета материјална штета или пријавени последици.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
