Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Над 1.000 грла добиток слободно се движат низ Крива Паланка, Митовски бара кризна состојба од Владата
    Република

    Над 1.000 грла добиток слободно се движат низ Крива Паланка, Митовски бара кризна состојба од Владата

    09/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ Крива Паланка, предизвикувајќи штети на земјоделски насади, приватен имот и јавни површини, како и сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот. Поради состојбата, градоначалникот Сашко Митовски побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба.

    На прес-конференција, Митовски изјави дека барањето е донесено врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, кој оценил дека локалните институции немаат доволно капацитет самостојно да се справат со проблемот.

    „Додека институциите ги објаснуваат своите ограничувања и надлежности, граѓаните ги бројат своите загуби и штети“, изјави Митовски.

    Според информациите презентирани на седницата на Кризниот штаб, добитокот секојдневно се движи и низ централното градско подрачје, при што се оштетуваат имоти и јавна инфраструктура, а дополнително се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

    Градоначалникот нагласи дека за трајно решавање на проблемот се неопходни дополнителни стручни, логистички, оперативни и финансиски ресурси, како и специјализирани возила и соодветен простор за згрижување на животните.

    Тој побара Владата да организира координирана акција со јасен оперативен план што ќе опфати заловување, безбеден транспорт и сместување на добитокот, како и мерки за спречување на повторување на проблемот.

    Митовски потсети дека уште од јануари 2022 година до Владата, Министерството за земјоделство, надлежниот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство биле доставени стотици пријави и иницијативи, а била поднесена и кривична пријава за мачење животни, проследена со докази за материјални штети, повреди на граѓани и уништување јавни површини.

    Тој посочи дека правосилните решенија за одземање животни од регистрирани одгледувалишта, донесени во 2024 година, сè уште не се целосно спроведени, поради што досегашните активности не дале трајни резултати.

    Воедно, градоначалникот побара и информации за здравствената состојба на животните, нивните ветеринарни прегледи и евентуалните здравствени и епидемиолошки ризици.

    „Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота“, порача Митовски.

    Поврзани вести:

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    Муцунски утре во Литванија, ќе биде отворена новата македонска амбасада во Вилнус

    Муцунски утре во Литванија, ќе биде отворена новата македонска амбасада во Вилнус

    Мицкоски: Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик

    Мицкоски: Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик

    За измените на Законот за јавни набавки опозицијата поднесе над 2.000 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ само еден – за бришење на членот што го оспори претседателката

    За измените на Законот за јавни набавки опозицијата поднесе над 2.000 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ само еден – за бришење на членот што го оспори претседателката

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Проштална средба на Тошковски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

    10/11/2026

    Сиљановска-Давкова на Парискиот мировен форум, ќе говори за суверенитетот и хибридните закани

    10/11/2026

    Променливо облачно и релативно топло, од недела следува заладување

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.