Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Зеленски: Многу сум задоволен од пораките што ги добиваме од САД
    Свет

    Зеленски: Многу сум задоволен од пораките што ги добиваме од САД

    11/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е задоволен од пораките што ги добива од Соединетите Американски Држави во рамки на дипломатските напори за ставање крај на војната со Русија.

    Говорејќи по средбата со лидерите на нордиските земји во Данска, Зеленски се осврна и на првиот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, кои се одржуваат во Абу Даби.

    „Гледам промени. Многу сум задоволен од она што го слушам“, изјави Зеленски, коментирајќи ги пораките од американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.

    Украинскиот претседател оцени дека првиот ден од разговорите бил конструктивен и суштински, додавајќи дека на средбите се разговарало и за можноста за воспоставување нова безбедносна архитектура во Европа.

    Сепак, тој истакна дека околу ова прашање постојат бројни непознати.

    „Сите сме многу претпазливи во врска со оваа тема бидејќи никој навистина не знае што точно се предлага. Никој не ги видел документите, ниту деталите од разговорите меѓу Американците и Русите“, рече Зеленски.

    Тој потсети дека идејата за нова европска безбедносна архитектура била промовирана од рускиот претседател Владимир Путин уште во 2021 година, а тогашната американска администрација сметала дека најпрво треба да се стави крај на конфликтот.

    Според Зеленски, редоследот на чекорите е клучен.

    „Прво, запирање на војната во Украина. Второ, безбедносни гаранции за Украина. Дури потоа може да се разговара за безбедноста во Европа и светот“, изјави тој.

    Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва нема да прифати моментален прекин на огнот без претходно да биде договорено што ќе следува понатаму. Според него, најнапред треба да се разговара за идната безбедносна архитектура во Европа, а потоа за прекин на воените дејствија.

    Поврзани вести:

    Полска слави 108 години независност, до 500.000 луѓе се очекуваат на Маршот во Варшава

    Полска слави 108 години независност, до 500.000 луѓе се очекуваат на Маршот во Варшава

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    Која е Кристи Меккормик? Жената што Трамп ја предложи за нова амбасадорка на САД во Македонија

    Која е Кристи Меккормик? Жената што Трамп ја предложи за нова амбасадорка на САД во Македонија

    Во Абу Даби почнаа трилатералните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина

    Во Абу Даби почнаа трилатералните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    Во два страотни верижни судари во Бугарија загинаа најмалку 11 лица, а 48 се повредени

    Русија и Украина ги почнуваат првите директни разговори по девет месеци во Абу Даби

    Русија и Украина ги почнуваат првите директни разговори по девет месеци во Абу Даби

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Полска слави 108 години независност, до 500.000 луѓе се очекуваат на Маршот во Варшава

    11/11/2026

    Запрен романски камион можеби го предизвикал првиот судир во трагедијата на „Тракија“

    10/11/2026

    Која е Кристи Меккормик? Жената што Трамп ја предложи за нова амбасадорка на САД во Македонија

    10/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.