Заврши третата сесија од летната школа NEW ART FOR(U)M, организирана од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, под наслов „Мултипликација на пејзажот”, што се одржуваше во Лазарополе.
Оваа година на школата учествуваа и студенти од Холандија, кои заедно со македонските од Факултетот за ликовна уметност истражуваа и креираа уметнички дела низ фотографскиот медиум инспирирани од пејзажот како визуелна, документарна и критичка форма на изразување.
Групна изложба од овој настан ќе се организира при крајот на годината во Галеријата на Факултетот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
