Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Започна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот на Алказар енерџи
    Политика

    Започна изградбата на најголемиот ветерен парк во регионот на Алказар енерџи

    16/07/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Започна изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава и регионот, проект поддржан од водечкиот независен менаџер за одржливи инвестиции Алказар Енерџи Партнерс(AEP). Најавените над 500 милиони американски долари во проектот се најголемата приватна инвестиција во обновлива енергија во историјата на земјата. На денешното поставување на камен темелникот на првата ветерница во близина на штипското село Љуботен присуствуваа премиерот, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски и коосновачот и управувачки партнер на „Алказар Енерџи Партнерс“, Даниел Калдерон.

    Премиерот Мицкоски во обраќање истакна дека  после нешто повеќе од една година тоа што тогаш го ветиле, заедно со компанијата и инвеститорот, денеска добива завршница на прва фаза.

    -Тоа беше практично вториот ден од изборот на тогашната нова Влада кога заедно со Даниел Калдерон и со неговите соработници најавивме инвестиција во делот на обновлива енергија во вредност од половина милијарда долари, којашто ќе произведува отприлика 1Tw електрична енергија годишно и дека тоа ќе биде инвестиција којашто ќе биде драјвер и модел како треба во иднина да се движиме, рече Мицкоски.

    Тој истакна дека на инвеститорот му се извинил што доцна три недели со инвестицијата, но како што рече „но мислам дека тука доцнењето е заедничко и како што кажа Даниел во неговиот говор дисциплината е секогаш најважна“.

    -Ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект, нема ништо. Тогаш ќе почне да ви се распаѓа сето она коешто го градите и на крајот нема да стигнете до посакуваната цел, а нашата посакувана цел беше денешниот камен темелник. Имаме уште многу идеи како оваа инвестиција може да додаде уште поголема вредност и да биде уште позначајна и за компанијата инвеститор и за нас како држава, но тоа ќе го разговараме во некоја следна фаза, посочи премиерот Мицкоски.

    Министерката за енергетика, Сања Божиновска преку видео обраќање нагласи дека ова не е еднократна инвестиција, туку долгорочна стратешка ориентација на земјата.

    – Не само што го менуваме начинот на кој произведуваме енергија, туку го менуваме и нашето размислување. Оваа инвестиција ќе обезбеди нова енергетска инфраструктура, стабилен систем и директен придонес кон интеграцијата на Северна Македонија во европскиот енергетски пазар. Нашата земја не само што ќе произведува за себе, туку ќе произведува и за регионот, рече во видео обраќањето Божиновска.

    Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, нагласи дека овој проект има повеќеслојно значење, покрај тоа што ќе создаде над 600 локални работни места за време на изградбата, ќе ја активира и целата инфраструктурна и логистичка мрежа околу него.

    – Ќе се градат нови патишта, ќе се зајакне дигиталната поврзаност и ќе се создадат услови за дополнителни инвестиции, рече Николовски.

    Како што оцени, Македонија денеска испишува нова историја на полето на зелената транзиција, со проектот што ќе ја засили енергетската безбедност и ќе донесе почиста, поевтина и обновлива енергија за идните генерации.

    Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар Енерџи Партнерс“, Даниел Калдерон, рече дека се горди што соработуваат со Северна Македонија на овој историски проект.

    -Би сакал да му се заблагодарам на премиерот Мицкоски за неговата континуирана поддршка. Заедно сме посветени на обезбедување долгорочни придобивки за локалните заедници и на поддршка на амбициите за енергетска безбедност на Северна Македонија, рече Калдерон.

    Тој најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

    – Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект од над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид, рече Колдерон.

    Сподели дека според анализа на Блумберг во Западен Балкан ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијари долари, во кои, рече дека државава би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

    Во општините Штип, Карбинци и Радовиш се гради најголемиот ветерен парк во Западен Балкан кој ќе се простира на 326 хектари. Главни компоненти на проектот се дека ќе бидат изградени до 54 ветерни турбини, секоја со капацитет до осум мегавати со вкупна моќност до 396 мегавати. Проектот треба да се развива во фази, ќе биде изградена трафостаница и ветерните турбини ќе бидат поврзани со трафостаницата преку подземни кабли односно 80 метри подземни кабли и ќе има изградено приближно седум километри 400 ватен далекоовод, кој ќе ја поврзува трафостаницата со постоечката национална мрежа. Ветерниот парк којшто  го гради компанијата „Алказар Енерџи“ ќе биде со работен век од 25 до 30 години.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.