Европската Унија може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање, објави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО како реакција на тезите на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет и неговото тврдење дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ.
-Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово вклучување меѓу официјалните јазици на ЕУ во иднина. Тука ветото од Бугарија, спор ед досегашниот однос на официјална Софија, е кец во кец, пишува Милошоски на Фејсбук.
Тој додава дека од страна на Македонија ќе биде потребно да се вложи огромен политички напор, континуиран дипломатски ангажман и сериозни сојузници за да се поправат овие трасирани грешки на претходната влада.
