Европската Унија останува стратешка цел на државата и во тој поглед нема поместување ниту милиметар, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката Арбана Пашоли од Европскиот фронт за стратегијата на Владата за деблокирање на евроинтегративниот процес и отворањето на преговарачките поглавја.
Тој нагласи дека Владата води дијалог со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот и ѝ понуди да предложат претставници да бидат дел од тимот којшто ќе го води тој дијалог со нашиот источен сосед.
Во одговорот тој оцени дека актуелната состојба е последица на политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ и додаде дека Владата во моментов работи на промена на перцепцијата кај европските партнери и на отворање простор за деблокирање на процесот.
