Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Зајкова: Потребна е итна изработка на Национална стратегија за инвестирање во македонската одбранбена индустрија
    Политика

    Зајкова: Потребна е итна изработка на Национална стратегија за инвестирање во македонската одбранбена индустрија

    15/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во пресрет на претстојниот самит на НАТО, каде што се очекува да се донесе историска одлука секоја земја-членка да го зголеми буџетот за одбрана од сегашните 2 отсто на 5 отсто од БДП, како пратеничка од Либерално-демократската партија денеска упатувам јавен повик до претседателот на Собранието за одржување на затворена седница на македонскиот парламент следната недела, со една единствена точка на дневен ред: Национална позиција за Самитот на НАТО и иднината на македонската одбранбена политика, вели во својата изјава за медиумите претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова.

    Оваа седница мора да се одржи зад затворени врати, каде ќе присуствуваат премиерот на државата, министерот за надворешни работи и министерот за одбрана, затоа што одлуките кои се очекуваат ќе значат дефинитивно нова ера за безбедноста на Македонија, економијата и геополитичката позиција на нашата држава.

    -ЛДП целосно го поддржува предлогот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Одбраната нема цена. Слободата нема цена. И членството во НАТО е нашата најголема гаранција дека територијалниот интегритет, мирот и иднината на Македонија се обезбедени. Но, ако веќе плаќаме повеќе, а по однос на она што го слушаме – изгледа ќе мораме, тогаш нашето барање е едноставно: секој денар мора да остане тука, дома, во Македонија. Инвестираме во одбраната, но од македонско производство, додава Зајкова.

    Зајкова од име на ЛДП побара итна изработка на Национална стратегија за инвестирање во македонската одбранбена индустрија.

    -Да ги вратиме фабриките, да направиме свои дронови, да произведуваме своја муниција, своја безбедносна технологија. Да создадеме нови работни места, нов извозен капацитет, повеќе плата за работниците и со тоа парите за одбрана да не бидат трошок на државата, туку инвестиција. Македонија има знаење, имаме искуство, има локации, и што е најважно – имаме сојузници, посочува претседателката Зајкова.

    НАТО не е само безбедносна структура, туку и политичка и економска.

    -И затоа денес, во духот на пријателството, упатуваме порака и до нашите соседи: Македонија и Црна Гора треба да бидат мостот кој ќе ја донесе Србија до НАТО членството. Тоа ќе значи една единствена цел – безбедност на целиот Балкан. Ќе го затвориме безбедносниот јаз кон север. Ќе ги елиминираме руските безбедносни и воени влијанија. ЛДП предлага парламентарна иницијатива во која сите пратенички групи ќе работат заедно со парламентарците од Србија, но и од другите земји од соседството за градење на разбирање. Да објасниме зошто е важно да сме заштитени и што добиваме со членството во НАТО, вели Зајкова.

    На крајот од оваа затворена седница треба да произлезат јасни заклучоци:

    – Дека целата нација, односно целиот Парламент – власта и опозицијата заедно – застануваат зад владините претставници на НАТО самитот;

    – Дека Македонците се партнери и градители на заедничката безбедност и стојат рамо до рамо со своите сојузници и соседи, во взаемна соработка која ќе обезбеди одбрана на нивната територија;

    – И дека сме свесни за привилегијата да се биде бранет од најмоќниот воен сојуз во историјата на човештвото.

    -Дали оваа седница ќе биде одржана, односно дали предлогот на ЛДП ќе биде прифатен, во најголема мера зависи од парламентарното мнозинство. Ние сме подготвени да водиме аргументирана дебата. Самитот на НАТО не е наша закана, туку шанса. ЛДП ќе се погрижи Македонија да ја искористи мудро таа шанса – и за одбраната, и за индустријата, и за македонската иднина, заклучува претседателката на ЛДП, Зајкова.

    Поврзани вести:

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    СДСМ: Изјавите на Мицкоски за криминалот се обид за прикривање на состојбите во државата

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Мицкоски сподели видео од Дејвид Гета: Концертот беше вечер во чест на Македонија

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    Брвеница како тест за партиите пред евентуални предвремени парламентарни избори: Кандидатите на 4 најголеми партии на 18 октомври во трка за градоначалник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК и Комисијата како правно лице

    13/09/2026

    СДСМ користи „низок и уличарски речник“ и покажува недостаток на политичка зрелост, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

    13/09/2026

    Мицкоски во Велес на поставување камен-темелник за нова подземна гаража и плоштад

    13/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.