Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови на повеќе места се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневната температура ќе достигне меѓу 15 и 21 степен.
Во Скопје ќе преовладува облачно време, а во текот на ноќта и претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 11 степени, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела и во текот на следната работна седмица ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. На поединечни места ќе има услови за краткотраен дожд, а ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец.
