Патничко возило удрило во мечка на пат во близина на Скопје, при што животното починало, информира Министерството за внатрешни работи.
Според податоците од МВР, на 23 октомври околу 22:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко возило „волво“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во диво животно – мечка.
На местото на настанот бил повикан ветеринар од Зоолошката градина Скопје, кој констатирал дека животното не давало знаци на живот.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а околностите под кои се случила несреќата ќе бидат дополнително утврдени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
