Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Министерката: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се одлични
    Република

    Министерката: Условите во студентскиот дом „Стив Наумов“ се одлични

    24/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата на Социјалдемократската младина (СДММ) за несоодветни услови во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, оценувајќи дека објектот нуди одлични услови за престој на студентите.

    Во објава на Фејсбук, Јаневска ги повика претставниците на СДСМ лично да го посетат студентскиот дом и сами да се уверат во состојбата, откако од опозицијата беше посочено дека во домот има проблеми со влага, протекување вода, греењето и топлата вода.

    Министерката истакна дека „Стив Наумов“ е првиот од деветте студентски домови кои ќе бидат целосно реконструирани и енергетски ефикасно обновени во текот на мандатот на актуелната Влада.

    Осврнувајќи се на пријавените недостатоци, Јаневска посочи дека во секој новореновиран објект може да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека домот е под гаранција и дека изведувачот е должен навремено да ги отстрани сите забелешки.

    Таа наведе дека дел од ситуациите биле предизвикани од неодговорно користење на просториите од страна на корисниците. Како примери ги посочи запушена канализација поради фрлени влажни марамици, активирање на алармниот систем поради оставена храна во вклучена микробранова печка, пожарна тревога предизвикана од запалена цигара во соба, откорнат радијатор и паркирање возила на зелените површини во дворот на домот.

    Според министерката, сите овие ситуации биле навремено надминати, а таа додаде и дека исхраната во студентскиот дом е во согласност со пропишаните нутритивни стандарди.

    Поврзани вести:

    Денеска сонце и облаци, од недела локален дожд

    Денеска сонце и облаци, од недела локален дожд

    Сиљановска-Давкова се сретна со македонската дијаспора во Будимпешта

    Сиљановска-Давкова се сретна со македонската дијаспора во Будимпешта

    Колони на Табановце: Патниците чекаат повеќе од еден час за излез од Македонија

    Колони на Табановце: Патниците чекаат повеќе од еден час за излез од Македонија

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    јаневска мон СДММ сдсм стив наумов студентски дом
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Денеска сонце и облаци, од недела локален дожд

    24/10/2026

    Сиљановска-Давкова се сретна со македонската дијаспора во Будимпешта

    23/10/2026

    Колони на Табановце: Патниците чекаат повеќе од еден час за излез од Македонија

    23/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.