Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на автопатот Табановце – Куманово, во која животот го загуби 34-годишен моторциклист од кумановското село Лопате.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска (20 јули) околу 02:10 часот во СВР Куманово. Според првичните информации, В.С. (34) управувајќи мотоцикл марка „Хонда“ со кумановски регистарски таблички, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди, В.С. починал на самото место, а смртта била констатирана од екипа на Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција, а на местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Куманово.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
