Сончево и релативно топло време денеска ќе се задржи низ земјава, со максимални температури кои достигнаа до 23 степени, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Вистински пролетно-летен амбиент, со многу сонце, пријатни температури и стабилни временски услови.
Температурите ќе бидат во значителен пораст и во текот на денот ќе достигнат од 19 до 25 степени, особено во југоисточните делови од земјата.
Овие вредности се над просекот за почетокот на април, кога вообичаено температурите се движат околу 15 до 20 степени, што значи дека денес ќе имаме потопло време од вообичаеното за овој период
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер, а дневната температура ќе достигне околу 21 степен.
И за утре се очекува слично време, но со повисоки температури, а од четврток времето повторно ќе се наоблачи, при што кон крајот на неделата се очекуваат пообилни врнежи, особено во сабота, кога се најавува и поизразена нестабилност.
