Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, денеска го искористи своето избирачко право на предвремените парламентарни избори во Србија, откако речиси два часа чекаше во редица заедно со останатите граѓани.
Вучиќ пристигнал на избирачкото место број 140 во Нов Белград, кое се наоѓа во објектот на детската градинка „Тесла – наука за живот“, нешто по 8 часот наутро, придружуван од сопругата Тамара. Поради големата гужва и долгите редици што се создадоа уште во раните утрински часови, тој гласал дури по 10 часот.
На социјалните мрежи беа објавени снимки и фотографии од Вучиќ како трпеливо чека во редот заедно со другите гласачи, без посебен третман при влегувањето на избирачкото место.
Големи редици денеска се забележани пред повеќе избирачки места низ Србија. Според информациите од терен, зголемениот интерес за гласање доведе до поголема утринска излезност во однос на претходните изборни циклуси.
На предвремените парламентарни избори граѓаните на Србија избираат 250 пратеници во Народното собрание, а во трката учествуваат 18 изборни листи. Право на глас имаат повеќе од 6,45 милиони гласачи.
Nosilac liste "Ujedinjena Srbija – Aleksandar Vučić", Aleksandar Vučić i njegova supruga Tamara Vučić, upravo su završili sa glasanjem na Novom Beogradu nakon čekanja u redu 2h. https://t.co/OVxr8mQPAW
— Srpski Fokus (@Srpski_Fokus) October 25, 2026
