Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател
    Свет

    Отворени избирачките места: Над 6,5 милиони Бугари избираат претседател

    25/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бугарија денеска гласа на претседателски избори, на кои право на глас имаат околу 6,59 милиони граѓани. Избирачките места се отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 20 часот, со можност да биде продолжено до 21 часот доколку пред избирачките места има граѓани кои чекаат да гласаат.

    Во земјата се отворени 9.373 избирачки места, додека во странство гласањето се организира на уште 613 локации. Дел од избирачките места се опремени со машини за гласање, а вкупно се ставени во употреба 11.622 уреди.

    Според предизборните анкети, најголема поддршка имаат три претседателски кандидатски двојки.

    Актуелната претседателка Илијана Јотова и нејзиниот кандидат за потпретседател Кирил Валчев влегуваат во изборната трка како фаворити. Јотова ја презеде претседателската функција во јануари годинава, откако Румен Радев предвреме го заврши мандатот, а претходно два мандата беше потпретседателка на државата. Нивната кандидатура е поддржана од иницијативен комитет, како и од „Прогресивна Бугарија“ и Бугарската социјалистичка партија.

    Во трката се и Андреј Ѓуров и Георги Кандев, кои настапуваат со поддршка од „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“. Тие во кампањата се фокусираа на владеењето на правото, независноста на институциите и безбедноста.

    Кандидати се и лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов, и Петар Волгин. Нивната програма е насочена кон националниот суверенитет, независна надворешна политика и преиспитување на досегашниот евроатлантски курс на Бугарија.

    Само два дена пред изборите, политичката атмосфера дополнително се вжешти по инцидентот во Софија, кога новинарката Соња Колтуклиева беше оттурната од припадник на обезбедувањето на претседателката на Народното собрание. Настанот се случи пред седиштето на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“, по брифингот на премиерот Румен Радев.

    Доколку ниту една кандидатска двојка не обезбеди доволно гласови за победа во првиот круг, вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 1 ноември.

    Поврзани вести:

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    Огромни редици пред гласачките места во Србија уште пред нивното отворање

    Огромни редици пред гласачките места во Србија уште пред нивното отворање

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    Пезешкијан обвини САД за пропаднатиот договор, но бара нова шанса за преговори

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    (Видео) Ескалираа студентските протести во Албанија, полицијата интервенираше со водени топови

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    Застрелан бугарскиот бизнисмен и политичар Слави Бинев, тројца приведени за убиството

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бугарија избори
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп гласаше на изборите за Конгресот: Борба за контрола на Вашингтон

    25/10/2026

    Огромни редици пред гласачките места во Србија уште пред нивното отворање

    25/10/2026

    Силно невреме го погоди Јадранот, над Пореч се појави морска пијавица

    24/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.