Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини САД за прекинот на напорите за постигнување привремен договор со Техеран, но оцени дека разговорите треба да продолжат и да се направи нов обид за постигнување договор.
„Водевме преговори, а кукавиците (Американците) сè уништија… Сепак, сè уште мислам дека треба да седнеме и да го финализираме“, изјави Пезешкијан во интервју емитувано на иранската државна телевизија.
Иранскиот претседател не откри детали за можните чекори што Техеран би ги презел за повторно отворање на преговорите, но нагласи дека дипломатските напори треба да продолжат и покрај неуспехот на досегашните разговори.
Според Пезешкијан, постигнувањето договор останува можно доколку страните се вратат на преговарачката маса и покажат подготвеност за компромис.
