Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»(ВИДЕО) Режисерот и професор Владимир Милчин за претставата „Варвари“: „Молчењето не е злато, неопходна е солидарноста за луѓето да можат да преживеат“
    Култура

    (ВИДЕО) Режисерот и професор Владимир Милчин за претставата „Варвари“: „Молчењето не е злато, неопходна е солидарноста за луѓето да можат да преживеат“

    13/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот народен театар со гордост ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година.
    Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа:
    Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Јана Вељановска и Стефан Спасов.

    https://prvaskopska.mk/wp-content/uploads/2025/11/milcin-za-varvari.mp4

    „Чувствував обрвска да ја поставам оваа драма. Таа не е умрена драма, бидејќи се уште има што да ни каже. За тоа дека е неопходна солидарност помеѓу луѓето, за да можат полесно да преживеат кога ќе се најдат под каков било притисок. Молчењето не е злато, напротив. И не случајно оваа драма не е одиграна ни на руски, дури ни во земјата во која живеел авторот, пред да се пресели во Италија, за да не биде убиен. Ова го кажувам оти приказната за Горки се третира како тој да бил со „црвените“ и му било мед и млеко. Не му било мед и млеко ни нему, ни на неговото семејство“, вели Владимир Милчин, режисер на претставата „Варвари“, пред премиерата.

    Фото: Принтскрин/Facebook

    Поврзани вести:

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    варвари владимир милчин македонски народен театар премиера
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    13/11/2026

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    26/10/2026

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.