Приоритет број еден во Кисела Вода за кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова е конечно завршување на проширувањето на булеварот „Борис Трајковски до Драчево. Таа ова го кажа на средбата со граѓаните од Кисела Вода, на која присуствуваше и нивниот кандидат за градоначалник на оваа Општина Горан Трајковски.
“Фазата на проектот, кој започна во време на СДСМ со години тапка во место поради негрижата на локалната и централната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Над 50 илјади граѓани се директно засегнати и со право прашуваат зошто булеварот не е завршен со години. Овој капитален проект е симбол на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години, но и моја јасна обврска, изјави Шукова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







