На патниот превој Пресека многу автомобилски амортизери пострадаа во минатото. Ептен беше во лоша состојба. Но, сега тој дел од патот Скопје – Охрид целосно и забрзано се реконструира.
– Се работи на 11 километри кои целосно се рехабилитираат. Можам да кажам дека во однос на рехабилитацијата на патниот превој Пресека, кој претставува главна артерија, не само за поврзување на Кичево со Охрид и Струга, туку генерално и за спојување на Скопје со Струга и Охрид, работите се одвиваат со одлична динамика. До февруари месец целиот патен правец би требало да биде завршен, што значително ќе помогне за побезбедно и побрзо патување, сè додека не биде пуштен во целост автопатот Охрид–Кичево – истакна министерот за транспорт Александар Николоски.
Овој градежен зафат значително ќе го подобри квалитетот на сообраќајот во овој дел од Македонија.
