Центарот ќе почне со работа на почетокот на новата учебна година, а ќе може да го посетуваат ученици од сите училишта во општината според утврден распоред.
„Отворањето на овој Центар претставува голем чекор за унапредување на инклузивното образование и можност за еднаков пристап до соодветна поддршка за учениците со попреченост. Со оваа иницијатива, Општина Аеродром ја докажува својата посветеност за обезбедување оптимални услови за современ и инклузивен пристап во образованието и останува отворена за соработка со сите институции“, се вели во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
