Покрај неизвесниот јавен превоз, купишта ѓубре, на Скопје му тежат и над 5.000 бездомни кучиња. Имаат ли решение новите кандидати кои сакаат да седнат во градоначалничките места?
Во пресрет на локалните избори, граѓаните со право се прашуваат кои се решенијата што ќе ги понудат кандидатите за градоначалници за овој горлив проблем. Премногу има каснувања на луѓе, но и злоупотреба и изживување врз недолжните животни.
Сите градски власти досега ветуваа решенија, но резултатот е слаб. Се направи дури и јавно претпријатие „Лајка“, ама на улиците има уште повеќе куќиња.
Ќе има ли конечно прифатилишта што функционираат?
Дали ќе се зголемат програмите за стерилизација? Ќе се најде ли вистински модел за згрижување, а не само за шетање на проблемот од една улица на друга?Кандидатите за градоначалници мора да бидат јасни, затоа што скопјани имаат право да знаат дали во иднина ќе шетаат низ безбеден град или ќе носат камења во џебовите.
