Во просториите на Europe House во Скопје, денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, која ги претставува највпечатливите дела на млади фотографи од целиот Западен Балкан.
Изложбата е дел од регионалната кампања на иницијативата WeBalkans, поддржана од Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија и има за цел да ја истакне улогата на спортот како средство за поврзување, инспирација и промоција на европските вредности меѓу младите.
Изложбата претставува кулминација на фото-натпреварот во кој учествуваа речиси 200 фотографии.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
